Која е Весна Герговска, координаторка на нападот на 27 април
Извесна Весна Герговска го координирала нападот на групата од „За заедничка Македонијаа“ на пратениците во Собранието на 27 април, покажува содржината од СМС-пораките на денешното судско рочиште.
Според презентираната комуникација токму Герговска постојано им давала насоки на активистите кои доаѓаа на протестите пред Собранието на Македонија.
„Јавете се по список и на активни и на пасивни за утре да излезат. Соња”. „За време на протестите во автобусите на ЈСП нема да има контроли и може да се возите без билет, а исто време и на ЈП Градски паркинг нема да има контроли и пајаци”. „Утре во 16 пред Музеј на ВМРО, за Македонија се работи”, „Ве молиме за помасовност зошто е можно влегување на СДСМ во Собрание”.
Слично
