Економија, финансии, бизнис

Контакт

Која е судијката што им пресуди доживотен затвор на терористите од кумановско „Диво насеље“?

Која е судијката што им пресуди доживотен затвор на терористите од кумановско „Диво насеље“?

Која е судијката кој и пресуди на кумановската група терористи за крвавите инциденти од 9 мај 2015 година и стави крај на две и пол годишниот случај .

Верка Петковска е судијката која ја донесе одлуката за доживотен затвор на сега осудените во мајските кумановски инциденти.

На страната на судот штури информации за судиите. Од она што го пишува може да забележиме дека Петковска е избрана за судија во Основниот суд во 2011 година и истата работи на Кривична материја - организиран криминал.

Таа во јавноста попозната стана кога одби да ги повика како сведоци екс и актуелни функционери во овој случај.

Судијката која им пресуди доживотен затвор на обвинетите од кумановската група додека траеше судскиот процес одби на сведочење да ги повика Груевски, Мијалков, Ахмети и Груби.

Токму тие одбраната на сега осудените бараше во судница како сведоци да се појават Никола Груевски, Сашо Мијалков, Али Ахмети и Артан Груби.

И Владата ќе бара меѓународна истрага за „Дива Населба“?!

Адвокатите тогаш сметаа дека сослушувањето на погорепосочените ќе придонесе за да се утврди мотивот и причината зошто групата дошла во Диво Насеље.

Како што соопштивме од вкупно 37 членови на кумановската група и нивните помагачи, сите мажи од албанска националност, 33 лица се прогласен за виновни, а четворица се одлободени.

Затворска казна од 40 години добија 13 од нив, шестмина пак се осудени на по 20 години затвор, еден доби 18, двајца 14 години, двајца 13 и двајца 12 години затвор.

Пресудата е прочитана пред адвокатите, роднините и новинарите бидејќи обвинетите беа изведени од судинца поради реметење на рочиштето, извикуваа „УЧК“ и пееја албанска химна.

Пресудата требаше да се донесе на 17 октомври, но е одложена поради локалните избори.

Слично

Поврзани вести