Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЈА Е ПРИЧИНАТА: Зиков се откажува од позицијата директор за финансии на МЕПСО

КОЈА Е ПРИЧИНАТА: Зиков се откажува од позицијата директор за финансии на МЕПСО

Љупчо Зиков, новинар и сопственик на неделникот „Капитал“ кој на 6 август беше именуван за директор за финансии на МЕПСО, денеска на Фејсбук информираше дека се откажува од новата позиција.

„Да се каже најлошо за мене и моето семејство деновиве не се бираа зборови. Јавноста ја лажеа брутално. Многу пизма и зли мисли. Хипокризија. Инбоксот мој полн со клетви и конкретни закани ... Се измислуваа разни проблеми и причини ... Премногу е. Не вреди тоа толку. Затоа решив да ја вратам назад поканата и да се заблагодарам. Јас не сакам мојот избор на било каков начин да и наштети на имиџот на оваа Влада во чија програма и премиер силно верувам ... Оттука, му благодарам на премиерот и вицепремиерот за економија на укажаната доверба. Ајде друг пат“- напиша Зиков на Фејсбук.

Зиков работеше во повеќе медиуми меѓу кои „Дневник“, МТВ и ТВ Алфа. Тој беше и претседател на партијата Алијанса за подобра Македонија, основана заедно со Минчо Јорданов и Владо Бучковски.

Слично

Поврзани вести