Економија, финансии, бизнис

Контакт

Која е причината за снимките од инцидентот со Асани да останат необјавени?

Која е причината за снимките од инцидентот со Асани да останат необјавени?

Снимките од инцидентот пред трговскиот центар „Мавровка“ во кој беше поврдена полицајка која била на должност ќе останат во тајност.

Според МВР постојат законски процедури кои не дозволуваат објавување на видео материјалот. Директорот на Бирото за јавна безбедност Лазо Велковски, вели дека надлежноста врз обезбедените снимки ја има Јавното обвинителство, а таму е предаден и останатиот доказен материјал.

„Сакам само да напоменам дека постои процедура, законска во кои рамки и на кој начин се обезбедуваат снимките и се доставуваат до Основното јавно обвинителство и од тие причини ние не сме во можност да ги објавиме снимките во медиумите, туку нашата законска обврска е истите снимки да ги доставиме до ОЈО“, вели Лазо Велковски, Директор на Бирото за јавна безбедност.

Според премиерот Зоран Заев, за целиот случај веќе постапувале надлежните државни институции и вели дека е неопходно да следува казна за сторителот, дури и ако се работи за вербален напад.

За Инцидентот во кој е повредена полицајка реагираше и опозицијата.

„Ќе дознаеме од медиумите како е тепана полицајка, но веќе утредента кога ќе се сретне со министерот за внатрешни работи, дава изјава дека станува збор за самоповреда од пајак возилото. Нешто што не само што е дезавуирање на положбата на македонската жена, не само што станува предмет на шега на социјалните медиуми туку е и повреда на интелегенцијата на граѓаните“, вели Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ. 

Во обид МВР да го расфетли счучајот, вчера министерот Оливер Спасовски побара помош и од граѓаните. Ги повика доколку поседуваат некакви видео снимки или фотографии, да ги достават до полицијата, а за целосно расфетлување на случајот, тие веднаш ќе се предадат на обвинителството.


Слично

Поврзани вести