Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЈА Е ПРИЧИНАТА: Ставриќ бара дисциплинска одговорност од Софијанова

КОЈА Е ПРИЧИНАТА: Ставриќ бара дисциплинска одговорност од Софијанова

Нова пракса на Детската клиника – дисциплинска за изјава во медиум ако претходно не е известен директорот. Овие документи со кои екс-директорката Аспазија Софијанова се повикува на дисциплинска одговорност утринава лично и ги врачила нејзината наследничка Ставриќ, oбјави Телма.

Причина е тоа што без да ја праша дала изјава за телевизијата. Ставриќ не гледа проблем во нововоспоставената пракса. Вели постапила согласно правилата на клиниката, усвоени пред две години, а според кои, лекарите мора да го известат директорот пред јавно да настапат во медиум. Но, без разлика што пишува во документите, уверува дека станува збор само за опомена.

„Ова е чисто опомена до колешката дека треба да се следат процедурите кои сме ги усвоиле на клиниката и сме согласни дека ќе работиме по нив. Нема никава дисциплинска комисија, никакви последици по неа, но чисто како една опомена за понатаму дека сепак треба директорот да се извести. Не е ништо лично, не е ништо насочено против мојата колешка Софијанова“- вели сегашната директорка на детска д-р Катерина Ставриќ.

Симптоматично е и тоа што документите се архивирани уште пред три дена, а дури денеска и се предадени на Софијанова, така што, рокот за одговор од пет, се скусува на два дена.

Слично

Поврзани вести