КОЈА Е ОВАА НЕОДГОВОРНОСТ! По укинувањето на линиите кон Куманово и Кочани на ред е Битола - Савески со остра критика за железницата
Најавата за укинување на дел од редовните линии по кој сообраќаа возови од Скопје кон Битола и обратно предизвика бурни реакции во јавноста.
Меѓу оние кои сметаат дека ваквиот потег особено негативно ќе се одрази врз нашата средина е и активистот Здравко Савески.
Тој посочува дека чинот на укинување укажува на неодговорност во однесувањето на одговорните лица, но и дека на овој начин дополнително се отвораат можности за зголемена употреба на другите превозни средства, а со тоа и уште поголемо загадување на средината.
- Што е ова укинување железнички линии!? После укинувањето на линиите кон Куманово и Кочани сега на ред е Битола? Која е оваа неодговорност! Наместо да додаваат линии, тие укинуваат! Железничкиот превоз е истовремено најсоцијален и најеколошки превоз на подолги релации. Не смеат да се дозволат вакви ретроградни процеси! - пишува Савески на својот Фејсбук профил.
Неговата објава предизвика бројни реакции меѓу граѓаните кои го следате. Меѓу нив имаше и такви кои посочуваат дека многу малку луѓе го користат возот како превозно средство, но и такви кои укажуваат дека ова е уште еден доказ за пропаѓањето на државата.
