Koja e најпопуларната знаменитост од Македонија?
Осигурувачката компанија „AllClear“ објави мапа според која напозната македонска знаменитост е Охридското езеро.
Од регионот најпознати се храмот Свети Сава за Србија, Стариот мост во Мостар за Босна и Херцеговина, Плитвичките езера за Хрватска и Которскиот залив за Црна Гора.
Во светот, знаменитост која најмногу се пребарува на Википедија е Таџ Махал. Изградена во 17-от век, палатата важи за најголемо дело на индо-исламската архитектура кое некогаш е изградено, а има повеќе од 28 милиони прегледи.
Втора по популарност е највисоката зграда на светот, Бурџ Калифа во Обединетите Арапски Емирати, со повеќе од 23 милиони прегледи на страницата, според „AllClear“.
На третото место е Монт Еверест. Највисоката планина на светот се наоѓа на границата помеѓу Кина и Непал, а на неа се искачуваат околу 800 луѓе годишно. Кипот на слободата во САД, со 19 милиони прегледи, и Кинескиот ѕид со 17 милиони прегледи се во првите 5.
Целата листа можете да ја видите тука.