Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хероината од Русилово спомната од Ципрас - која е Мирка Гинова?

Хероината од Русилово спомната од Ципрас - која е Мирка Гинова?

Името на Мирка Гинова деновиве одекна во Грција. 

Премиерот Алексис Ципрас има рече на пратениците на Комунистичката партија (ККЕ) во Парламентот на, како што кажа тој, „славомакедонскиот буквар што комунистите го делеа во Ташкент на децата на славомакедонските борци на ДАГ, 70-те илјади бегалци од Граѓанската војна и на Славомакедонката Мирка Гинова, првата жена стрелана во Граѓанската војна во Грција“. 

Ципрас во своето обраќање за време на расправата за ратификација на Договорот од Преспа, им рече на пратеници од ККЕ, кои се против Договорот од Преспа, дека ќе ги остави сами да се справат „со овие грижи на совест што ги имате“.

Гинова е антифашистичка хероина од Егејска Македонија, осудена на смрт со стрелање на 26 јули 1946 година во Ениџе-Вардарско. Ципрас ја именуваше со македонското име, и со името Ирини Гини со кое ја именувале членовите на грчката Комунистичка партија.

„Со овие грижи на совест што ги имате, да си се справите сами. Ќе говорам политички, нема да се осврнам на историјата на Комунистичката партија на Грција“, кажа Ципрас.

Мирка Гинова е родена во Русилово, Воденско, 1916, а е убиена во Ениџе Вардар, на 27 јули 1946 година. Таа е борец од времето на Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција. Заедно со илјадници македонски и грчки патриоти, се борела против фашистичките окупатори на Грција, а подоцна и против силите на реакцијата и монархофашизмот. Мирка Гинова е првата жена стрелана во Грција од политички причини.

Таа пред да биде стрелана рекла дека е горда што е Македонка и што горда ќе умре. 

Грчки војник кој бил сведок на стралањето напишал писмо до нејзиниот татко, во кое му честитал што имал таква ќерка, кој во последните мигови од својот живот рекла дека ќе умре за она во што верува. Биста на Мирка Гинова има во Битола. 

фото Википедија

Слично

Поврзани вести