КОЈА Е КАНДИДАТКАТА НА ЛЕВИЦА ЗА КИСЕЛА ВОДА - еве за што ќе се бори Јулијана Штрковска-Колариќ
Партијата Левица вчера вечерта соопшти дека за градоначалник на општина Кисела Вода ја кандидира Јулијана Штрковска-Колариќ.
„Јулијана е магистер по економски науки и долгогодишен овластен внатрешен ревизор во ЈП „Национална радиодифузија“, со работно искуство и во Македонската радиотелевизија, како и во Центарот за управување со кризи. Во својата професионална кариера има работено и како сметководител и проектант.
Нејзината борба е насочена кон: спречување на штетни политики, транспарентно и отчетно работење на локалната самоуправа, увид во трошењето на народните пари, лесен пристап до информациите од јавен карактер. Фокусот на работењето ќе и биде на политики за заштита на животната средина и одржлив локален раст и развој“, се вели во објавата на Левица на нивниот фејсбук профил.
Слично
