Економија, финансии, бизнис

Контакт

Која е цената што Груевски ја плати за бегството од државата?

Која е цената што Груевски ја плати за бегството од државата?

„Ќе ја разгледаме екстрадицијата на Груевски, но ... ќе му ја гарантираме и безбедноста“.

Ова го рекол унгарскиот премиер Виктор Орбан за радио Кошут.

-Со Груевски се познаваме долго време. Без него би било тешко да се одбрани унгарската граница од имигрантскиот поток-посочил Орбан . 

Тој објаснил дека не може да влијае на правниот систем, но верува дека целиот случај треба внимателно да се разгледа пред да се донесе конечна одлука. Во исто време, тој нагласува дека Никола Груевски е дел од прогонот на организациите поврзани со Џорџ Сорос. Според него, во Македонија се случуваат сложени политички игри, а судството е дел од нив.

„Барањето за азил е законски оправдано. Унгарските власти ќе постапуваат според правилата, а одлуката што ќе ја преземат мора да се почитува. Можам да кажам дека гарантираме статус на бегалци, нивната безбедност во Унгарија, важи за сите ќе важи и за поранешниот премиер на Македонија“, потенцирал унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Унгарската јавност внимателно го следи целиот случај. ВИП статусот на Груевски предизвика и протести а многумина прашаа која е цената која Груевски ја плати за бегство од татковината но и од затворската казна.

Слично

Поврзани вести