„КОЈА БРЕ ДРЖАВА, КОИ БРЕ ЦЕНТРИ ЗА ЗАШТИТА, КОИ БРЕ ИНФОРМАТИВНИ ПОРТАЛИ“: Најчевска за пожарите и недостигот на информации
Моето Сандево гореше. Ридот е поцрнет и сеуште се гледа по некој столб со чад.
Луѓето дадоа се од себе да ги спасат селата и манастирите. Она што се уште не можам да го разберам е отсуството на соодветно информирање.
Ова го напиша утрово професорката Мирјана Најчевска, посочувајќи дека „информациите беа расфрлани, недоволни, неточни, собрани по патот“.
- Немаше информации за движење на пожарот, за ниво на загрозеност, за организирана борба со пожарот, за збирни места, за план за евакуација, за ...
Со сите средства за информирање кои ни стојат на располагање луѓето дознаваа од рекла казала и се организираа како во 19 век.
Е ова е еден од показателите дека немаме држава туку башибозук во кој полуписмени и потполно неписмени политичари се обидуваат секој да штрбне од државата колку може во краткиот период додека е на власт.
Во мојата социјалистичка држава Македонија имавме територијална цивилна заштита. Сите знаевме каде треба да одиме и што треба да правиме во вакви ситуации. И бевме обучувани од основно училиште.
Тоа беше држава - напиша Најчевска на Фејсбук.
Потоа дополни дека „во моментов можам само да видам до каде се спуштил огнот на ридот отспротива и да ги гледам хеликоптерите кои некаде фрлаат вода“.
- И можам да се јавувам по комшии да пробам да добијам некоја информација.
Која бре држава, кои бре центри за заштита, кои бре информативни портали, кои бре веб страни на општините, и, кои бре шутраци новинари за кои секоја вест има еднократна вредност - напиша Најчевска.
