Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој учествува во системот за управување со кризи: Општини, армијата, спасувачките служби, но и приватните компании

Кој учествува во системот за управување со кризи: Општини, армијата, спасувачките служби, но и приватните компании

Владата на синоќешната седница на препорака од Советот на безбедност ја започна постапката за прогласување кризна состојба на целата територија на Република Северна Македонија, со цел ефикасно справување со последиците од кризата заради КОВИД-19. За членови на групата за процена се именувани Стојанче Ангелов, вршител на должност директор на Центарот за управување со кризи и Беким Максути, вршител на должност директор на Дирекцијата за заштита и спасување.
Кризна состојба за првпат ќе биде воведена на целата територија во Македонија, а министерот за здравство Венко Филипче акцент стави на лекувањето на граѓаните во приватните болници за време на кризната состојба.

Системот за управување со кризи покрај органите на државната управа и органите на државната власт како Собрание, претседател и Влада, вооружените сили, силите за заштита и спасување и органите на општините и на градот Скопје, јавните претпријатијa, јавните установи и служби, го остваруваат и приватните трговските друштва.

Граѓаните, здруженијата на граѓаните и Црвениот крст, невладините и хуманитарните организации, средствата за јавно информирање и другите правни лица можат да учествуваат во превенција, рано предупредување и справувањето со кризи на доброволна основа.

Владата одредува кои министерствата и другите органи на државната управа, општини, јавните претпријатија, јавните установи и служби, како и трговските друштва од посебно значење за работа ќе ги утврди за да се подготвуваат за извршување на нивните функции, односно задачи за превенција и справување со кризи.

Општините и Град Скопје ги спроведуваат одлуките на Владата во врска со управување со криза на нивното подрачје, а исто и армијата може да учествува со дел од своите сили во случај на кризна состојба,

„Во превенција и справување со кризна состојба, јавните претпријатија, јавните установи и служби, како и трговските друштва кои се од посебно значење за работа во кризна состојба, имаат обврска за заштита и спасување на вработените, лицата кои се затекнале кај нив и материјалните добра, како и отстранување на последиците од кризната состојба.

Министерствата и другите органи на државната управа, органите на општините и на градот Скопје, јавните установи и служби, како и трговските друштва кои се од посебно значење за работа во кризна состојба, имаат обврска во своите акти за организација и систематизација да утврдат работни места за подготвување и извршување на работни задачи во врска со превенција и справување со кризна состојба“, се вели во Законот за справување со кризи.

Слично

Поврзани вести