Кој сум јас да кажам дали треба да има друг приклучок за полнач на телефон, вели Заев за модуларната
Кој сум јас да кажам дали треба да има друг приклучок за полнач на телефон во модуларна болница, прашува премиерот Зоран Заев.
Кажа дека тој не може да биде истражител.
„Не ми е тоа надлежност, и за тоа има надлежни институции. Модуларните болници се градени според светски планови. Тие се болниците, нема да бидат други. Не значи дека ќе ги срушиме со булдожери“, изјави Заев.
Тој не ги прифати оставките на министерот за здравство, Венко Филипче и заменик министерот, Илир Хасани поднесени по пожарот во модуларната болница во Тетово, каде загинаа 14 луѓе на 8-ми септември.
Од извршената анализа на трагите од пожарните оштетувања, динамиката на ширење на пожарот и врз основа на оштетувањата на инвентарот и просторот, земајќи ги предвид и добиените сознанија за дејствијата пред и во текот на настанувањето на пожарот, вештите лица ја утврдија локацијата, како и можната причина за настанување на пожарот.
Опозицијата не е завоволна од фактот дека Заев не ги прифати оставките.
