Кој си заминува од врвот на ВМРО ДПМНЕ?
Од Извршниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ, си заминуваат Миле Јанакиески, Мартин Протуѓер, Владимир Пешевски, Гордана Јанкуловска и Сашо Мијалков кој веќе најави дека се повлекува од сите функции во партијата.
Во ИК нема да биде ниту Кирил Миновски, екс министерот за финансии.
Остануваат Илија Димовски, Влатко Ѓорчев, Антонио Милошоски, Никола Попоски, Коце Трајановски, како и Никола Тодоров, и Александар Николовски. Но влегува Богдан Илиевски – Бетмен кој беше главен на протестите на „Заедничка Македонија“ и беше дел во Собранието кога беше упадот на 27 април.
Поранешната шефица на кабинет на екс министерот Јанакиески, Анета Стојановска Стефановска, ќе биде во ИК на партијата.
Во Извршниот Комитет влегуваат и Александар Георгиев, поранешен портпарол на владата.
Во Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа Дијана Транталовска, која е еден од основачите на партијата. Дел од највисокиот орган на партијата ќе биде и кошаркарот на Работнички Дејан Јовановски, и директорот на СЦ „Борис Трајковски“ Златко Перински.
Потоа како нови членови се Славе Трпевски, директор на Катастар, Проф. Драги Димитровски од Земјоделски факултет , д-р Игор Николов од нефрологија, Сеад Солаковски, лекар од Лабуништа.
Целосната листа на новиот ИК на ВМРО ДПМНЕ.
