(ВИДЕО) КОЈ СИ ТИ ДА КАЖУВАШ КАКО ТРЕБА: Северна ги зовре страстите во Кочани
Тензија, довикувања, меѓусебни обвинувања се случија на денешната конститутивна седница на Советот на Општина Кочани која почна во 11 часот.
Седницата ја закажа поранешниот претседател на Советот Томе Солевски, а за седницата беа ставени на дневен ред вкупно 14 точки. Со седницата преседаваше најстариот меѓу избраните советници.
Сепак „проблемот“ настана уште на првата точка односно при верификацијата на мандатот на членовите на Советот. Кога требаше да ги прочитаат свечените изјави советниците од ВМРО-ДПМНЕ не сакаа да го изговорат името на државата Република Северна Македонија.
По ова им беше сугерирано дека по одлука на Уставен суд во слична ситуација нема да можат да гласаат за одлуките кои ќе ги носи Советот. Веднаш потоа сите викаа во еден глас, му се забележуваше и на претседавачот, се кршеа процедурите, па се даваа паузи.
Седницата на Советот се емитуваше во живо на фејсбук, па погледнете дел од атмосферата овде
Дополнето: Најверојатно Општина Кочани одлучи да го тргне ова видео од фејсбук страницата на Советот, па неколку часа по објавата мистериозно исчезна од профилот.
