Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЈ СИ „ИГРА“ СО НОВИ БОМБИ - обвинителите ќе трагаат од утре

КОЈ СИ „ИГРА“ СО НОВИ БОМБИ - обвинителите ќе трагаат од утре

Институциите да ги истражат снимките што се појавија во медиумите, времето на насилство е зад нас, порача вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, во врска со најновите бомби што се појавија на Јутјуб. Според неа, премиерот поминал низ тежок период на закани, за кои не сакаат да се повтори. 

„Да, имав прилика да ги слушнам, иако избегнувам такви разговори да слушам, но имам обврска тоа да го правам. И за прв пат видовме разговор каде што се зборува за насилство и кон семејства, не сакаме да прејудицираме. Ние, особено претседателот на нашата партија измина низ период кога заканите беа секојдневна работа и не сакаме тоа време да се врати“, нагласи вицепремиерката. 

Таа очекува тоа да го направат институциите што се задолжени за безбедност, анализи и истраги, тоа да го направат, наместо да се оди со претпоставки или прејудицирања. 

А токму институцијата што треба да отвори истрага, Јавното обвинителството, најавува дека истражувањето ќе го стартува од вторник, првиот работен ден од оваа недела. 
Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска, за медиумите изјави дека овие снимки не се дел од доказите доставени до Обвинителството, и за нив најави дека ќе поведат истрага. Предмет на истрагата ќе биде кој ги објавил разговорите, во кои наводно бизнисменот Орце Камчев бара спогодба со браќата Заеви. Покрај содржината на разговорите, обвинителите ќе треба да ги разрешат и дилемите кој овие материјали ги прикачува на интернет.

Објавувачот, пак, е потпишан под псевдонимот „Големото уво“, а аудио снимките се со наслов  „нахранете ја демократијата“.

А на прашањето, пак, дали овие снимки покажуваат чин на нервоза поради најавите за отворање на судски процес за незаконско финансирање на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори, вицепремиерката Шекеринска рече дека не сака да ги поврзува работите без аргументи, но се уште очекува одговор на многу едноставно прашање.

„Како е возможно една партија која учествувала на претседателски избори, да ги заврши изборите да остане должна 300 или 400 илјади евра и никој да не реагира, ниту фирмите каде должи, ниту самите тие, и да сметаат дека тоа е во ред. Дефинитивно таа истрага ќе ни објасни повеќе за линковите помеѓу одредени бизнис интереси и политичката партија која сеуште е раководена од Будимпешта“, рече Шекеринска.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, обвинија дека снимките се само уште еден од притисоците и начините на власта за да го сврти вниманието од себе во случајот Рекет.

„Се што се презема сега е само во насока власта да може да изврши притисок врз главниот сведок а можеби и оштетен, за да може да се затскрие себеси и нивната улога во оваа огромна тешка афера“,изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.


Слично

Поврзани вести