КОЈ СЕЕ СТРАВ: УЧК поставува 72 часовен ултиматум сите Албанци да ги напуштат институциите
72 часовен ултиматум од УЧК се шири низ медиумите кои се повикуваат дека соопштение со истиот стигнало во новинската агенција Лајм.
Во ова известување со бр. 6, санкционирана е одлуката на судот за осудувањето на членовите на кумановската група, додека од Албанците побарано е да ги напуштат сите државни институции каде што се вработени. Се добива ултиматум од 72 часа кој започна денеска и ќе заврши во среда.
Очигледно дека овој ултиматум е испровоциран од последната судска пресуда за кумановските настани.
Оттука се поставува прашањето кој сее страв и ја вознемирува јавноста?
Очекуваме надлежните да истражат кој стои зад ова соопштение и ултиматум, а со став јавноста по ова прашање очекува да излезат и партиите од албанскиот блок.
Можете да ја прочитате комплетната комуникација на сликата подолу:

