Кој седнува во пратеничкото столче на местото на Беким Сали?
Зекирја Таири од владејачката коалиција „ВРЕДИ“ стана нов пратеник.
Собранието денеска го верификуваше мандатот на Таири од владејачката коалиција „ВРЕДИ“, со што тој и официјално стана нов пратеник. На предлог на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, како и известувањето од Државната изборна комисија (ДИК), Собранието, на денешната 80. седница, му го верификуваше мандатот на новиот пратеник.
Таири доаѓа на местото на Беким Сали, кој неодамна беше избран за прв вицепремиер и министер за европски прашања во Владата.
Слично
