Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој им се заканувал на обвинителите од СЈО?

Кој им се заканувал на обвинителите од СЈО?

Од Специјалното јавно обвинителство денеска на прес-конференција кажаа дека добивале закани. 

Закани до СЈО кажаа дека упатиле членови на ВМРО-ДПМНЕ во случајот со донаторите на партијата. 

На обвинителите им се заканувале во присуство на началникот на СВР Охрид, беше кажано на прес-конференцијата. Од СЈО потенцираат дека сведоците уште пред да ја добијат поканата знаеле дека ќе бидат повикани да сведочат, а загрижува и тоа што некои медиуми ги советувале како да ја избегнат одговорноста. 

Поканите не стигнале до 55 од вкупно 185 сведоци. Досега се испитани само 15- тина, но прибрани се податоци кои ќе и` помогнат на предистражната постапка, велат од СЈО. 

Во меѓувреме СЈО ја прошири истрагата за случајот „Титаник“, а отвори и нова истрага „Труст“ за местење на тендери со фалсификувана документација. 

Слично

Поврзани вести