Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЈ СЕ ЗАКАНУВА СО ПРОТЕСТИ - Од Заев барале ослободување на албанските политички затвореници

КОЈ СЕ ЗАКАНУВА СО ПРОТЕСТИ - Од Заев барале ослободување на албанските политички затвореници

На самитот на лидерите на западен Балкан за „малиот Шенген“, кој вчера се одржа во Тирана, освен српскиот претседател Александар Вучиќ, кој се соочи со протести, и македонскиот премиер Зоран Заев бил предупреден дека може да дојде до протести во неговата земја, пренесе белградската агенција „Танјуг“.

„Група претставници на Албанци по потекло од Македонија го предупреди Заев дека Албанците би можеле да организираат протести во Македонија доколку не бидат исполнети нивните барања. Тие од Заев бараа да ги ослободи, како што рекоа, сите албански политички затвореници, потсетувајќи го премиерот дека тој тоа го ветил пред доаѓањето на власт“, пишува Танјуг.

Му порачале на премиерот Заев дека вооружената акција „Диво насеље“ во Куманово била политички случај, како и оти убиството на петмина млади Македонци на Смилковското Езеро, во близина на Скопје, бил случај поради кој во затвор се наоѓаат невини Албанци.

Се разделија со прашањето – „мораме ли да организираме протести?“, на што Заев одговори – „не морате, се ќе биде во ред“, пишува „Танјуг“.


Слично

Поврзани вести