Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој се му честиташе на Пендаровски?

Кој се му честиташе на Пендаровски?

Честитки за победата на Стево Пендаровски стигнаа од странство, но и од домашните политички субјекти. 

Џереми Хант, министерот на надворешни работи на Велика Британија на твитер упати честитки за изборот на Пендаровски за претседател.

„Честитки за Стево Пендаровски, новиот претседател на Северна Македонија! Вашата земја имаше историска година и со нетрпение очекуваме да ги зајакнеме врските меѓу Велика Британија и Северна Македонија. Истовремено, ја поддржуваме вашата земја во нејзините напори да стане членка на ЕУ и НАТО“, стои во честитката. 

Алијансата за Албанците им заблагодари на граѓаните кои го изразиле нивниот суверенитет и му ја честита победата на Стево Пендаровски на претседателските избори.

Од Алијансата преку соопштение велат дека демократијата е волја на мнозинството во рацете на граѓаните, како што впрочем бил вчерашниот избор на претседателот на државата.

„Им честитаме на сите граѓани кои изразија суверенитет, секој на свој начин и своја форма. На крајот на краиштата, ова е демократија. На г. Пендаровски му го честитаме изборот за претседател на РСМ. Би сакале оваа институција да почне да дише во духот на етничката реалност на РСМ и да завршат еднаш и засекогаш досегашни практики“, порачаа од партијата на Зијадин Села.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, му ја честита победата на Пендаровски, кој вчера победи на претседателските избори. Тој му посака успех на одговорната функција за која е избран.

„Очекувам дека особено ќе ја поттикнеме соработката во областа на економијата, како и во сите други области од заеднички интерес, а за доброто на граѓаните на двете земји“, стои во честитката.

Амбасада на САД во Македонија му упати честитка на Стево Пендаровски за избор на претседател и го поздрави изборот на граѓаните. 

„Амбасадата на САД ги поздравува граѓаните на Северна Македонија кои го искористија своето право на глас на претседателските избори во 2019 година. Му честитаме Стево Пендаровски на неговиот избор и со нетрпение очекуваме да соработуваме со него, владата и сите политички партии за унапредување на иднината на Северна Македонија во НАТО и во ЕУ.

Ги поздравуваат прелиминарните заклучоци на ОБСЕ / ОДИХР дека изборите биле конкурентни и дека почитувањето на основните слободи придонесоа кон демократски процес. 

Eвропскиот комесар за проширување Јоханес Хан му ја честита на Стево Пендаровски победата на претседателските избори во Северна Македонија.

„Се радува на продолжување на соработката на реформската агенда на ЕУ во контекст на минатогодишните заклучоци на Советот кои го отвораат патот за почеток на пристапни преговори во јуни 2019“- напиша Хан на Твитер.

Северна Македонија, како што вели, може да смета на континуирана поддршка на ЕУ за европска перспектива на земјата, согласно со силните европски аспирации за своите граѓани.

Слично

Поврзани вести