Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој се` ќе одговара за скандалот со штитеничката од „25 Мај“?

Кој се` ќе одговара за скандалот со штитеничката од „25 Мај“?

Најмалку 11 вработени од Центарот за социјална работа - Скопје добија кривични пријави за несовесно работење во служба и запуштање на малолетно лица за случајот со 13- годишната штитеничка во Домот за деца „25 Мај“, која била изложена на сексуално малтретирање и принудна проституција. Покрај тоа, оставка поднесе и директорот на „25 Мај“, со што почна да се лоцира одговорноста за скандалот со малолетното девојче.

Од Министерството за труд и социјална политика порачаа дека вакви пријави ќе бидат поднесени против сите лица кои биле задолжени да постапуваат и преземаат службени дејствија по предметот на малолетната Р.И. во периодот од 2012 – 2017 година. Според МТСП, инспекториле поднеле 12 иницијативи за покренување дисциплинска постапка против стручни лица, согласно со Законот за работни односи. Покрај тоа, поведени се и 13 постапки за сторени прекршоци од страна на стручните лица во постапувањето во овој случај, согласно со Законот за социјална заштита.

Премиерот Зоран Заев порача дека е поддржува максимална казна за ваквите појави, затоа што, според него, само така ќе се испрати пораката никогаш да не се повтори.

– Јас сум еден од поддржувачите на максимално казнување, заради тоа што само преку максимални казни ќе ја испратиме пораката тоа да не се повтори никогаш повеќе - истакна Заев, одговарајќи на пратенички прашања..

Министерката  Мила Царовска порача дека е јасна потребата од деинституционализација и трансформација на големите институции кои згрижуваат деца без родители, деца со воспитно-социјални проблеми и деца со попреченост во нивниот развој.

– Како МТСП сме во интензивна изработка на трансформациски планови за излегување на децата од тие институции и сместување во мали куќни домови. Затоа што се работи за мала бројка од 40 деца кои многу брзо ќе бидат надвор од тие институции и ќе добијат соодветна грижа - изјави Царовска.

За заменик-народниот правобранител Васка Бајрамовска – Мустафа, одговорноста за негрижата за децата кои се проблематични и се „згрижени“ во институции ја имаат сите.

– За тоа дека девојчето е во постојано бегство се знаело од денот кога таа е донесена во установата во декември 2016 година. Установата пријавувала, го известила старателот – Центарот за социјална работа дека има штитеник кој е во постојано бегство. И тогаш тука затаила контролата и исполнувањето на улогата – посветеноста – да се седне, тимски да се работи со детето и да се реши проблемот - додаде Бајрамовска-Мустафа за МИА.


Слично

Поврзани вести