Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој се е повикан како „паралелна“ делегација на ВМРО-ДПМНЕ во Хелсинки

Кој се е повикан како „паралелна“ делегација на ВМРО-ДПМНЕ во Хелсинки

Никола Тодоров, Емилија Александрова и Никола Тодоров ја сочинуваат „паралелната“ делегација на ВМРО-ДПМНЕ која присуствува на Конгесот на сестринската ЕПП во Хелсинки заедно со онаа „официјалната“ која ја предводат Христијан Мицкоски, Александар Николовски и Влатко Ѓорчев.

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, веќе се фотографираше со „тројката“, која е дел од бранот исклучувања и разрешувања што ги направи ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период.

Пратеничката Александрова е исклучена откако гласаше за отворање на уставните измени и овозможи двотретинско мнозинство во Собранието. Поранешниот министер Тодоров гласаше на референдумот за прифажање на Преспанскиот договор, додека Богојески делуваше како фракционер во опозицијата.

Хан потоа твитна дека мора да престанат заканите кон пратениците од опозицијата што гласаа за отворање на Уставот.

„Ја поздравувам храброста и смелоста при гласањето за Договорот од Преспа. Сите закани кон пратениците мора да престанат! Сите партии треба да работат на ЕУ агендата, која ја поддржуваат мнозинство од граѓаните“, напиша Хан.


Слично

Поврзани вести