КОЈ САКА ЌЕ МОЖЕ ДА ПРИМИ ТРЕТА ДОЗА ВАКЦИНА ВО ЗЕМЈАВА - не мора да е повозрасен или да има хронични заболувања
Освен повопзрасните граѓани над 60 години, трета доза на вакцина ќе можат да добијат и сите други граѓани, без разлика на возраста и без разлика на тоа дали имаат или немаат хронични заболувања, а се во значаен ризик заради фреквентните контакти, типот на работа, работното место, да заболат од ковид 19. Ова се препораки на Комитетот за имунизација на земјава, а ги следат препораките од некои други европски држави, како и во САД.
Д-р Александра Гроздановска, национален координатор за имунизација на земјава, изјави дека пред десетина дена Националната комисија за имунизација препорача бустер доза за три категории и тоа за сите над 60 години, за сите здравствени работници, како и за сите лица со хронични болести, најчесто имунокомпромитираните.
„Следејќи го искуството и кај другите европски земји, но и во САД, цениме дека оваа доза треба да се даде и кај останатите граѓани, кои се во ризик портади работното место, честите контакти што ги имаат, било приватно, било на работните места. Оваа препорака е со цел да се заштитите од доста поинвазивниот делта сој на вирусот, но и фактот што после шест месеци од вакцинацијата искуството укажува дека ефикасноста на вакцините со текот на времето се намалува“, рече Гроздановска.
Препораката од Комитетот за имунизација е освен повозрасните категории на граѓани над 60 години, трета доза на вакцина да добијат и било кои други граѓани без разлика на возраста и без разлика на тоа дали имаат или немаат други хронични болести, а се во значаен ризик заради зголемените контакти поради видот на работата и работното место и се со зголемен ризик да заболат од вирусот Ковид 19. Ова се препораки кои ги следат препораките на други европски земји и САД, кажа министерот за здравство д-р Венко Филипче, во денешната изјава за медиуми.
Граѓаните секаде без закажан термин, каде било, може да примат вакцина, ревакцина или трета доза.
