Кој презеде акции од Комерцијална банка вредни 18 милиони евра?
Големо раздвижување со пакет акции на Комерцијална банка АД Скопје на Македонска берза откако преку блок трансакција се изврши тргување на вкупно 298.003 акции на банката во вредност од околу 18,1 милиони евра. Станува збор за акции кои досега ги поседуваше East Capital Explorer Investments AB при што откупот го извршија повеќе македонски компании.
„Комерцијална банка ја известува јавноста дека на 21.03.2018 година во блок трансакција беа истргувани вкупно 298.003 акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје, по цена од 3.750 денари по акција, во вкупна вредност од 1117511250 денари.
Досегашниот акционер со квалификувано учество East Capital Explorer Investments AB и неговото поврзано лице Salink Limited изврши продажба на сите акции што ги поседуваше во Банката, односно 298.003 акции што претставува 13,076% учество во вкупниот број на акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје“ се вели во соопштението.
Како купувачи на продадените акции се јавуваат следните правни лица:
Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт Импорт
Гранит АД Скопје
ИГМ-Трејд Илија ДОО
Индустри Сервис ДОО Скопје
„Дополнително, известуваме дека секое од правните лица поединечно не го надминува прагот од 5% акционерско учество во вкупниот капитал на Банката“, соопштуваат од Комерцијална.
