Економија, финансии, бизнис

Контакт

Постојано е блокиран Центарот на Скопје

Постојано е блокиран Центарот на Скопје

Центарот на главниот град речиси секојдневно е блокиран поради протести кои се одржуваат или пред Собранието или пред Министерството за правда.

Градот е блокиран наутро, во периодот меѓу 8.30 до 9 часот, на улиците „11 Октомври“ и „Димитрија Чуповски“, па граѓаните кои сакаат да одат на работа со своите автомобили, се принудени да вртат по другите улици, што создава метеж во сообраќајот.

Оваа состојба постојано се повторува, ако не секој ден, тогаш на секои два или три дена, што создава револт кај жителите на главниот град, бидејќи доцнат на работа, или во исполнување на некои свои други обврски.

Од МВР соопштија дека конкретно дека денеска протестирале поранешните вработени во ОХИС, а тоа било случај и во претходните денови.

„Денеска во 09.00 часот е започнат протест на поранешни вработени во ОХИС, на кој се присутни околу 80 граѓани. Тие од пред ССМ почнале со двиѓење кон Собранието. Сообраќајот се пренасочува“, соопштија од МВР.

А Владата пред околу две недели предложи, па го повлече на доработка законот, со кој би се ограничило протестирањето, односно за протест да треба да се исполнат одредени услови. 

Стануваше збор за предлог измените на Законот за јавни собири, за кои владата, на една од своите седници, донесе одлука да го повлече по негативните реакции во јавноста, дека нема да може да се протестира во околината на „Бихаќка“, Собранието, обвинителствата, судовите, општините и другите државни органи.

Од Владата тогаш изјавија дека има простор за разговори и подобрувања согласно Уставот и затоа го повлекува предлог-решението од Собранието. Од таму рекоа дека има простор за разговори и за подобрување на содржината со цел, како што се тврдеше во известувањето, овозможување слобода на изразување на став на јавни простори низ јасно утврдени регулативи и исклучиво во согласност со Уставот на РСМ.

„Владата на Република Северна Македонија ги слушна забелешките на граѓанските организации за најавените предлог измени на Законот за јавни собири и на денешната седница одлучи да ги повлече предлог-измените со цел да се обезбеди поширока консултација“, се вели во соопштението.

Тогаш и премиерот Зоран Заев изјави дека станува збор за демократска власт, која го слуша гласот на граѓаните, па затоа законот ќе се подобри, и потоа ќе се разгледува од Собранието.

А во Собранието претходно беа доставени предлог-измени на Законот за јавни собири од страна на Владата, според кои се предвидуваат нови ограничувања кога станува збор за протестите, што предизвика негативни реакции на социјалните мрежи.

Најспорното за јавноста беше што се предлага јавните собири да се ограничат пред седиштата и околниот простор на органите на државната власт и просторот околу нив, како и пред резиденцијалните и репрезентативните објекти.

Според предлогот, требаше да се ограничат протестите на сообраќајни површини од витално значење како тунели, премини преку пат на железничка пруга, мостови, надвозници, подвозници, гранични премини, пристап до гранични премини и крстосници..

За да се одржи еден протест се планираше да биде потребна бројка од најмалку 50 граѓани, наместо досегашните 20.


Слично

Поврзани вести