Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЈ ПО КОЈ ЌЕ УБЕДИ: Власта и опозицијата во Собрание дискутираат за уставните измени

КОЈ ПО КОЈ ЌЕ УБЕДИ: Власта и опозицијата во Собрание дискутираат за уставните измени

Собранието вчера не се изјасни за предлогот на Владата да се покрене процедурата за уставните измени кои вклучуваат и промена на уставното име на државата а седницата продолжи денес во 11 часот.

Пратенициите од владеачката партија и опозицијата се обидуваа едни со други да се убедат зошто одредбите од Преспанскиот договор со Грција се прифатливи, односно зошто се во спротивност со интересите на граѓаните и државата.

Договорот со Грција предвидува промена на името на земјата во Репблика Северна Македонија, на што се противи опозицијата.

На седницата присуствуваше и премиерот но и екс премиерот и лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.

За промена на Уставот, со кој би се верификувала промената на името на земјата потребно е 2/3 мнозинство од 80 гласа на пратениците во Собранието.

Владеачката партија предводена од премиерот има 71 пратеник.


Слично

Поврзани вести