Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЈ ПЛАТИ 152 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - поминаа два блока, ова е цената на акцијата

КОЈ ПЛАТИ 152 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - поминаа два блока, ова е цената на акцијата

На Македонската берза за хартии од вредност вчера поминаа две блок трансакции со акциите на Комерцијална банка.

На првата трансакција беа продадени 120 акции по цена од 29.100 денари за акција, што значи дека купувачот за овој пакет плати 57 илјади евра, додека, пак, во вториот блок беа продадени 201 акција, по истата цена, што значи дека оној кој се стекна со овие акции за нив платил нешто над 95 илјади евра. 

Или, вкупно во двата блока се платени 152 илјади евра за акциите на Комерцијална банка.

Оваа цена за акциите што се постигна е само малку пониска од онаа која се постигна на блокот кој помина еден ден претходно, и кога цената изнесуваше 29.200 денари за акција.

На редовното тргување просечната цена на акцијата вчера беше безмалку 29.000 денари, а се истргуваа 154 акции, откако ден претходно се продадоа 480 акции.

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести