КОЈ ПЛАТИ 100 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА МАЛ ПАКЕТ НА КОМЕРЦИЈАЛНА - блок трансакција со акции на најголемата банка
Вчера на берзата помина блок трансакција со акциите на Комерцијална банка, на која беа платени безмалку 100 илјади евра.
Или прецизно, на блок трансакцијата која помина во текот на вчерашниот ден, беа продадени 417 акции на банката, по цена од 14.100 денари за акција. Тоа значи дека целата трансакција вкупно вреди 5,9 милиони денари, или прецизно 95.604 евра.
Станува збор за мал процент акции од банката, или дури и помалку од 0,02 проценти, што е минорен процент од акционерскиот капитал на оваа наша најголема банка во земјава.
Ако се погледне цената по која се тргувале акциите на Комерцијалкна банка вчера на редовното тргување, може да се забележи дека цената на акциите изнесувала 14.072 денари, што значи малку пониска од цената од 14.100 денари по која беа продадени акциите во блок трансакцијата.
Инаку, на редовното тргување биле продадени мала количина акции на банката, односно 188 акции. За разлика на пример од 18 декември годинава, кога биле истргувани 2.272 акции на Комерцијална банка.
Пред околу две недели објавивме дека Комерцијална банка сега е нов газда на поранешен ФЕНИ, а сегашен Еуроникел индустри. Банката објави дека го стекнала комбинатот за сума од близу 38 милиони евра.
Всушност, Комерцијална банка беше главен доверител на поранешен ФЕНИ, а сегашен Еуроникел индустри, комбинат за никел кој се соочуваше со големи проблеми во работењето, а беше принуден и да го стопира процесот на производство и да ја одржува само топла печката, што чинеше и големи трошоци за електрична енергија. Се доведе во прашање и исплатата на платите на вработените, кои имаа чести протести во последниов период.
Според нашите информации, таа компанија е еден од потенцијалните субјекти за купување на комбинатот, покрај неколку други, меѓу кои и кавадеречката компанија ИГМ Трејд на бизнисменот Илија Гечев.
Некои познавачи на состјбите со кои разовараше Фактор сметаат дека за Еуроникел би било многу добро доколку Јилдирим се јави како нивни купувач, бидејќи станува збор за голема и моќна компанија која располага со различни видови на дејности, и токму поради својата разноликост и финансиска сила би била добар газда на поранешен ФЕНИ, со оглед на тоа што ќе има моќ да ја одржува компанијата дури и во време кога не би била поволна коњуктурата на никелот на светските берзи.
Н.Н.Ф.
