Економија, финансии, бизнис

Контакт

Koј освен Заев требало да биде убиен на 27 април?

Koј освен Заев требало да биде убиен на 27 април?

Три лица на 27 април 2017 година при упадот во Собранието требало да бидат убиени. 

Јане Ченто, Игор Југ и лице со прекар Жабата носеле пиштоли во Собранието на 27 април, 2017 година и требало да ги убијат Зоран Заев, Дамјан Манчевски и Зијадин Села, денеска кажа обвинителката Вилма Рускоска повикувајќи се на исказот на загрозениот сведок С1.

На новинарско прашање дали меѓу организаторите ќе биде и избеганиот експремиер Никола Груевски со оглед на тоа дека во денешните завршни зборови според изјава на заштитен сведок беше посочен дека цело време се работело по негова наредба, Рускоска кусо изјави „Сметам дека треба да се стрпите да се донесе наредба за истрага“, пренесува СДК.МК.

18-мината обвинети за собраниските настани од 27 април да бидат прогласени за виновни, побара во своите завршни зборови обвинителката Вилма Русковска. Смета дека тоа не бил спонтан упад ниту зовриени емоции, туку организиран напад за загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Слично

Поврзани вести