Кој остави сомнителен куфер пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ?
Лице од обезбедувањето на Јавното претпријатие „Државни патишта“ денеска околу 13 часот пријавило сомнителна активност пред канцелариите на претпријатието, лоцирани на плоштадот ВМРО во Скопје. Ова е близу седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
На видеонадзорот се забележани 2 лица кои го разгледувале просторот, при што едно од нив оставило куфер.
„Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека куферот е празен и не претставува закана по безбедноста“, соопшти полицијата.
Сите вработени беа евакуирани поради настанот.
Слично
