КОЈ ОДЛУЧИЛ ДА СЕ ОСВЕТУВААТ ВОЗИЛАТА НА МВР? Покрената внатрешна истрага
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, презема мерки за утврдување на околностите поврзани со фотографиите на кои се гледа верски обред, поточно осветување на полициските возила во кругот на Министерството.
Истрагата е иницирана како последица на реакциите на социјалните мрежи дека е нарушена секуларноста на државата.
Од МВР соопштија дека откако ќе заврши истрагата јавноста ќе биде информирана за утврдените факти.
Инаку, на фотографиите се гледа свештеник како ги осветува новонабавените 120 возила кои беа промовирани на крајот на минатиот месец.
Слично
