Кој од обвинителите на СЈО прв ќе сведочи за „Рекет“?
И обвинителите кои беа дел од Специјалното јавно обвинителство ќе сведочат за случајот „Рекет“, а прва ќе сведочи Елизабета Јосифовска која работеше во тимот на поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева.
На рочиштето на 3 јануари ќе биде повикана Јосифовска.Во април Јосифовска беше повикана да даде исказ за „Рекет“.
Во случајот им се суди на Јанева и Бојан Јовановски, а бизнисменот Зоран Милевски Кичеец призна вина и доби три години затвор.
За „Рекет“ денеска на суд сведочеа Сашко Бошков, адвокатот и кум на бизнисменот Зоран Митровски и Томе Главчев, газда на „Ноел“ конфекцијата од Гевгелија.
Слично
