Кој од обвинетите за „крвавиот четврток“ ќе се брани со психијатриско вештачење?
Обвинет за настаните од 27 април лани во Собранието, со документ за психичко растројство ќе се брани пред суд.
Станува збор за Влатко Трајковски, обвинетиот од 27 април што пред неколку рочишта 4 часа пред судот даваше одбрана. На судот во своите доказите му предложи и психијатриско вештачење, кое, според одбраната покажувало дека тој имал психичко растројство.
Психичкото растројство според документацијата е од 2001 година.
Обвинителката Ивана Трајчева вели дека вештачење се прави по наредба на суд или обвинителството. Вештачењето што обвинетиот го доставил до судот не е направено на тој начин и не може да се изведе како доказ.
Слично
