Економија, финансии, бизнис

Контакт

„КОЈ МУ ПОМОГНА НА МОНСТРУМОТ ВО УБИСТВОТО?“: Мајката на загинатиот Томас пред рочиштето за „Пулс“ вели дека имаат искра надеж во судијката и обвинителот

„КОЈ МУ ПОМОГНА НА МОНСТРУМОТ ВО УБИСТВОТО?“: Мајката на загинатиот Томас пред рочиштето за „Пулс“ вели дека имаат искра надеж во судијката и обвинителот

Јулија Златкова, мајка на 19-годишниот Томас, пред судењето за пожарот во „Пулс“ во Кочани изјави дека и покрај болката, очекува судијката да продолжи да постапува исто како на првото рочиште – праведно и фер.

„Повеќе од осум месеци живееме во агонија. Сега имаме искра надеж од неа и од воведниот збор на обвинителот. Никој не растел дете да стане херој, туку човек. Нашите деца ја платија цената на коруптивниот систем. Ние ја плаќаме цената со изгубените животи“, изјави Златкова.

Таа порача дека родителите бараат правда и одговорност од сите инволвирани.

„Насилно им ја прекинаа младоста и иднината. Бараме обвинети со имиња и презимиња. Кој му помогна на монструмот во убиството? Многу се, не можам да ги набројам,“ додаде таа.

Во судницата во Идризово денес продолжува второто рочиште за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Фото: Телма

Слично

Поврзани вести