Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Кој му помогна да се извлече од обвиненијата за корупција и злоупотреба на функцијата?“: Вреди бара опозициска ДУИ да направи вистински ветинг

„Кој му помогна да се извлече од обвиненијата за корупција и злоупотреба на функцијата?“: Вреди бара опозициска ДУИ да направи вистински ветинг

Претставниците на албанската коалиција „Вреди“ (Влен) во соопштение исрпатено до јавноста денеска побараа сега веќе опозиционерите Демократска унија за интерграија (ДУИ) да ги реализираат нивните ветувања за внатрешно прочистување. 

- ДУИ продолжува да се обидува да ја излаже јавноста со нивните лажни ветувања за ветинг и „внатрешно прочистување“. Но, ако навистина сакаат да се борат против корупцијата, нека започнат од Бујар Османи – човекот што чудно беше заштитен од судска одговорност.

ДУИ, при ветингот, нека провери кој го спаси Бујар Османи од судска разрешница
Предметот кој го покрена СЈО против него мистериозно заврши без судска постапка! Кои се тие што го штитеа и зошто институциите молчат? Кој му помогна да се извлече од обвиненијата за корупција и злоупотреба на функцијата? На кого му должи Бујар за својата слобода, тоа треба да одговори ДУИ - пишува во соопштението на Вреди. 

Тие исто така апелираат до опозиционерите да проверат како Бујар Османи се снаоѓа со својот непотизам.

- Во Министерството за надворешни работи кадрите не се избираа според професионални критериуми, туку според лични врски со Бујар Османи и неговиот другар Артан Груби. Вработени се пријатели, роднини и другари, а не  стручните и квалификуваните кадри. 

ДУИ, при ветингот, нека ги провери и тендерите за партиските фирми кои ги доделуваше Бујар Османи.

Министерството за надворешни работи беше претворено во коруптивен центар при што доделени се милионски тендери на фирми блиски до ДУИ. Фирмите на неговите партиски колеги добиваа тендери со милионски суми за настани кои траеа само ден или два. Добро е ДУИ да пронајде каде завршуваа тие пари - укажуваат од Вреди во соопштението испратено до медиумите. 

Воедно од партијата исто така апелираат „ДУИ при ветингот да провери дали Бујар Османи беше министер или бледа сенка и другар на Артан Груби“.

Укажуваат дека Бујар Османи пренесувал пораки меѓу Скопје и Будимпешта, носејќи тајни договори за враќањето на Никола Груевски. 

- Нека провери ДУИ какви политики застапуваше Бујар Османи, за себе, за своите поранешни коалициони партнери или за Албанците кои ги заборави. Добро е да знаеме дали Бујар Османи беше само извршител на политичкото самоубиство на ДУИ во сценарио на Артан Грубу.

ДУИ ако навистина сака прочистување, нека не глуми дека ќе чисти ситни риби по своите ограноци. Нека почне од своите најголеми коруптивни фигури! Народот не верува во ваши лажни ветувања! Време е за нови лица и лица без коруптивно наследство! - напоменуваат од Вреди во соопштението испратено до медиумите. 

Слично

Поврзани вести