Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој му испратил писмо со закани на Сашо Тасевски?

Кој му испратил писмо со закани на Сашо Тасевски?

Сашо Тасевски, в.д. директор на Драмски театар – Скопје вчера во полиција пријавил дека истиот ден во службената канцеларија добил писмо со заканувачка содржина. 

Според МВР, Тасевски пријавил дека писмото пристигнало во 10.30 часот, адресирано лично до него, а откако го отворил забележал дека во него има напишана порака со заканувачка содржина за него и за други лица.

Тој појаснил дека вакви пораки со заканувачка содржина добивал и порано од лице на „Фејсбук“.

Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слично

Поврзани вести