Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој ли ќе го сопре сега Сорос во Македонија?

Кој ли ќе го сопре сега Сорос во Македонија?

Кој ли ќе го сопре сега Сорос во Македонија, неформалната организација Стоп операција Сорос подолго време не е активна, а сега и новата влада донесе одлука за стопирање на исплатата на 850.000 евра наменети за невладини и граѓански организации кои требаше да извршат „десороизација“ на НВО секторот.

СОС беше неформално граѓанско здружение предводено од Цветин Чилиманов, Никола Србов и Ненад Мирчевски со повеќе јавни настапи на кое се говореше против донаторот Џорџ Сорос како и тоа колкаво влијание имал тој во македонската политика. Тие ветија дека ќе покажеле како навистина треба да функционира граѓанскиот сектор, но во нивните говори имаше само политика и обвинувања кон повеќе невладини организации кои добиле грант средства или финансии од УСАИД, ЕУ и Фондацијата Отворено општество. 

Потоа следеше и издвојување на дваесетина организации кои беа под истрага дека наводно ги злоупотребувале парите и ги пренасочувале кон СДСМ за финансирање на кампањата на опозицијата и нејзините активности, но ваквите тврдења никогаш не беа докажани.

СОС побара и САД да поведе целосна истрага за тоа на кој начин се трошеле парите на Американската амбасада и УСАИД во Македонија, но новата администрација на Трамп никогаш не речи посериозно да се занимава со нашата земја.

Процесот на десоросоизација започна со повик на Никола Груевски, а и формално беше поддржан од неговата партија ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ и Сорос се посветени на мисијата за уништување на демократијата преку директен и брутален напад на секоја мисла поинаква од нивната матрица, од диктатите на Бихаќка и од идеите на Џорџ Сорос во изминативе 25 години. СДСМ и Сорос системски ги корумпираат новинарите и медиумите, создавајќи од нив роботизирани послушници кои се хранети со грантови за без приговори да ги извршуваат задачите што ќе им бидат дадени. Само во последниот период, во Македонија, СДСМ и Сорос преку деструктивната платеничка револуција направија штета од стотици илјади евра, повредија повеќе од 50 полицајци, демолираа државни институции и уништија споменици на културата и на македонскиот народ. СДСМ и Сорос се срам и елементарна непогода за Република Македонија. На 11 декември народот јасно, одважно и прецизно ѝ кажа „не“ на целата деструкција во режија на аболираниот криминалец Зоран Заев и на Соросовите инсталации во Македонија. Народот одлучи: процесот на десоросоизација почнува“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ кон средината на јануари годинава .

Останатите здруженија се регистрирани и дел од нив добија средства за своите активности, но сега ќе се изврши ревизија, а стопирана е и преостанатата исплата.

Слично

Поврзани вести