Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЈ КОЛКУ ПОТПИСИ СОБРА? Еве ги бројките од ДИК

КОЈ КОЛКУ ПОТПИСИ СОБРА? Еве ги бројките од ДИК

Државната изборна комисија на својата веб страна, од утре секојдневно ќе информира за бројот на собрани потписи за секој од подносителите на иницијатива за кандидат за Претседател на Република Северна Македонија.

Досега, над 1000 потписи имаат Османи, Ванковска и Димитриевски, а ДИК од утре еднаш дневно ќе известува за собраните потписи.

Заклучно со 23 февруари 2024 година, бројот на собрани потписи за секој од подносителите на иницијатива за кандидат е следен:

Вело Марковски 98

Билјана Ванковска Цветковска 1105

Томе Николоски 0

Бујар Османи 3261

Господин Поповски 0

Максим Димитриевски 1594

Стевчо Јакимовски 658

Ѓорѓи Манасков 21

Арбен Таравари 1

Мерсиха Смаиловиќ 0

Зорица Цветковска 0

Моментално, во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, единаесет подносители на иницијативи за кандидирање за претседател на државата собираат потписи за кандидати.

Слично

Поврзани вести