КОЈ КОГО ЗАСЕНУВА: Османи - не му се мешам на Димитров во работата
Јавноста зборува гласно, а министерот за надворешни работи Бујар Османи се чуди. Шефот на дипломатијата синоча во дебатниот магазин „Click Plus“ рече дека ги слушнал шпекулациите во јавноста дека го засенува вицепремиерот Никола Димитров, но тврдеше дека не е така.
„Никола Димитров е вицепремиер за ЕУ, јас сум министер за надворешни работи. И двајцата си ја вршиме својата работа. Јас не му се мешам него во работата, тој не ми се меша мене. И двајцата работиме во интерес на граѓаните“, порача Османи.
Тој додава дека не знае зошто во јавноста се шпекулираат овие наводи.
„Зошто во јавноста се шпекулира дека Димитров е засенет од мене, не можам да кажам, но јас не мислам така“, посочува Османи.
Слично
