КОЈ ЌЕ ЗАСТАНЕ НА ЧЕЛО НА ОБВИНИТЕЛСТВО: Денес се бира меѓу Русковска, Пауновска, Незири и Абази
За прв пат според новиот закон за јавни обвинители денеска ќе се одржи избор за шеф на обвинителството за организиран криминал и корупција.
Право на глас имаат околу 163 обвинители а изборот е меѓу Вилма Русковска, Деса Пауновска, Едмон Незири и Ислам Абази.
Гласањето ќе трае до 16 часот а ќе се одвива во 4-те виши обвинителства во Скопје, Гостивар, Битола и Штип и во републичкото.
Резултатите ќе бидат сумирани јавно со присуство на медиумите.
Она што е најнелогично во целиот избор на нов шеф е што меѓу кандидатите е обвинител кој што јавноста, а и дел од кандидатите не знаат како изгледа.
Слично
