Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЈ ЌЕ ТРЧА ЗА ВМРО-ДПМНЕ НА ЛОКАЛНИ: Официјалната листа се крои

КОЈ ЌЕ ТРЧА ЗА ВМРО-ДПМНЕ НА ЛОКАЛНИ: Официјалната листа се крои

ВМРО-ДПМНЕ ги демантира информациите кои излегоа во јавноста дека станува збор за официјален брифинг во однос на имињата за кандидати за градоначалници на наредните локални избори, соопштија синоќа од партијата.

„ВМРО-ДПМНЕ во најскоро време, во текот на наредната недела ќе излезе со официјална листа на имиња за кандидати за градоначалници во најголем дел од општините за наредните локални избори кои ќе се одржат на 17-ти октомври 2021 година, велат оттаму.

Сител претходно објави дека високи извори од партијата потврдиле дека во овој момент речиси сигурни се кандидатурите за пет општини. Орце Георгиевски ќе бил кандидат на опозицијата за Кисела Вода, Дарко Костовски ќе ја барал довербата од граѓаните во Бутел, а докторот Александар Стојковски ќе истрча во Ѓорче Петров. За општина Гази Баба кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде претседателот на локалниот ОК Бобан Стефковски. За градоначалник на град Скопје се уште во игра се неколку имиња, а се споменува дека најмногу шанси има претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска. 


Слично

Поврзани вести