Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој ќе „шефува“ со кабинетот на Шилегов?

Кој ќе „шефува“ со кабинетот на Шилегов?

Петре Шилегов официјално вчера седна во општинската фотелја на град Скопје.

Со кабинетот на Шилегов ќе шефува како што пренесоа дел од медиумите Никола Наумовски. 

Тој ќе има задача да ја води агендата и сите активности на градоначалникот на град Скопје.

Наумовски во јавноста е познат граѓански активист и дел од невладината организација „Плоштад Слобода“, но и по роднинската, односно братучедска врска која ја има со актуелната министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

Наумовски честопати влегуваше во конфликти со новинари кои ја поддржуваа претходната влада, но и со функционери од партијата на ВМРО ДПМНЕ.

Информацијата за А1он дека Наумовски е поставен за шеф на кабинетот на Шилегов ја потврдил самиот Наумовски.

Слично

Поврзани вести