КОЈ ЌЕ СЕДНЕ ВО ДИРЕКТОРСКОТО СТОЛЧЕ НА АГЕНЦИЈА ЗА ФИЛМ: Владата бара кандидат со солидно познавање на англиски јазик, еве ги другите услови
Се бара кандидат кој ќе седне во директорската фотеља на Агенцијата за филм на Македонија. Заинтересираните, поточно лицето кое Владата ќе го одбере да биде директор на Агенцијата, ќе добие мандат од две години.
Владата пропишува дека за директор на Агенцијата може да биде лице кое е државјанин на земајва, во моментот на именување да нема казана илли прекршочна санкција забрана за дејност, да има високо образование од областа на филмот или општествените науки, но во опција се и кандидат со правен факултет.
Идниот директор исто така треба да има најмалку пет години искуство во областа на филмот или правото и еккономијата, но и да има еден од неколкуте меѓународни сертификати за познавање на англиски јазик не постар од пет години.
Кандидатите треба да достават Пријава по оглас, кратка биографија, мотивациско писмо, план и програма, уверение за државјанство, доказ дека немаат судска забрана, диплома за високо образование, доказ дека го имаат потребното работно искуство и секако сертификатот за соодветно познавање англиски јазик.
Оригиналите документи или копии заверени на нотар треба да се достават во Владата со назнака „За јавен оглас за именување на дикректор на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија“.
Платата за новиот дикректор на се открива. Владата соопштува дека коефициентот за пресметување е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Македонија. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е до четврти јули.
Сега во директорската фотеља на Агенцијата за филм седи Бојан Лазаревски.
Во раководниот тим, односно во надзорниот одбор се Игор Шокаровски како претседател на одборот, а членови се Нина Николоќ, Снежана Станковиќ, Фатон Мемеди и Хасан Кадрију.
Во изминативе години со Агенцијата за филм беа поврзани повеќе скандали и обвинувања за нетранспарентно трошење на средствата или за фаворизирање.
Последно, на почетокот на годината Државната комисија за спречување корупција најави дека отвара случај за Агенциајта за филм и за нашиот истакнат режисер Милчо Манчевски.
Пред скоро два месеци Агенцијата за филм соопшти дека поднела кривична пријава против продукцијата „Банана филм“ – Скопје на режисерот Милчо Манчевски и понатаму ќе ги стопира сите заеднички проекти. На ова реплицираше и продукцијата на режисерот Манчевски од каде соопштија дека Агенцијата лаже.
П.О.
Фото: МИА
