Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЈ ЌЕ СЕДНЕ НА НИВНИТЕ СТОЛЧИЊА - По нова година Заев и Анѓушев сигурно излегуваат од Илинденска

КОЈ ЌЕ СЕДНЕ НА НИВНИТЕ СТОЛЧИЊА - По нова година Заев и Анѓушев сигурно излегуваат од Илинденска

За помалку од две недели ќе стапи на сцена техничката Влада. Една работа е сигурна, а таа е дека во зградата на Илинденска, оттогаш па во наредните 100 дена, нема да седат премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев.

На местото на премиерот Заев ќе дојде технички премиер. 

Кочо Анѓушев, пак, дефинитивно ќе биде вицепремиер за економски прашања до 3 јануари, а според вчерашните најави на премиерот Зоран Заев, техничката влада ќе има нов човек на оваа функција во 100-те дена пред вонредните парламентарни избори.

Заев потврди дека покрај она што е предвидено - да се назначи технички премиер и заменици-министри со право на вето во Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјала, ќе биде именуван и вицепремиер за економски прашања во овој предизборен период.

„Економијата е многу важна. Сакаме тој кабинет да биде пополнет со соодветна личност“, објасни премиерот Заев.

Уште еден факт е јасен - Оливер Спаспвски и Мила Царовска сигурно нема да бидат министри во техничката Влада од трети јануари, која согласно Пржинскиот договор, треба да гарантира дека опозицијата институционално ќе учествува и ќе го контролира изборниот процес. 

Иако се поизвесно е дека Оливер Спасовски ќе седне во „техничкото“ премиерско столче, сепак, СДСМ конечната одлука ќе ја донесе следниот петок, кога ќе заседава Централниот одбор на партијата, а претходно ќе се состане и Извршниот одбор.

„Од тактички причини одлуката ја одложивме за крајот на следната недела. Ќе не разберете затоа што овде се прави договор меѓу власта и опозицијата. Ние не би сакале да истрчуваме со какви било мерки. Имаме доволно време да размислиме“, објасни првиот човек на Владата.

Владејачката СДСМ ќе треба да предложи кандидати и за дополнителни заменици министри во МВР и во Министерството за труд и социјална политика, кои ќе имаат право на вето врз одлуките на нивните нови „шефови“, односно новите министри во техничката Влада, кои ќе дојдат од редот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. 

Владејачката партија била свесна дека мора да најде своевиден „тешкаш“ за дополнителен заменик министер во МВР, бидејќи тој ќе мора да ја одржи контролата во тоа многу важно министерство, откако таму за министер ќе седне исто така „сигурен“ лик од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Од СДСМ размислувале дека не е лошо тоа да биде и човек од внатре од Министерството. Од друга страна, за сегашната министерка за труд, Царовска, се зборува дека би било добро да остане во својот ресор како дополнителен заменик министер, со цел да врши надзор во исплатите на социјалните давачки.

ВМРО-ДПМНЕ ќе добие и заменици министри во Министерството за финансии, во Министерството за земјоделство и во Министерството за администрација и информатичко општество. 

Привремената техничката влада ќе има мандат до одржувањето на предвремените избори, а избраните министри и заменици-министри ќе останат на таа функција до конечното објавување на изборните резултати од страна на Државната изборна комисија. Главна задача на техничката влада е да ги организира изборите и додека функционира не може да има вработувања, унапредувања и инвестиции, ниту пак да се распишуваат тендери и други јавни набавки.

Слично

Поврзани вести