Економија, финансии, бизнис

Контакт

„КОЈ ЌЕ СЕ ИЗВИНУВА СЕГА?“: СДСМ обајви телефонски број од фирмата „Сити Аутсорсинг“ за кој тврди дека е на Томовски

„КОЈ ЌЕ СЕ ИЗВИНУВА СЕГА?“: СДСМ обајви телефонски број од фирмата „Сити Аутсорсинг“ за кој тврди дека е на Томовски

Опозициската СДСМ објави телефонскиот број за кој велат дека е на директорот на СОЗР Ивица Томовски, истиот кој го има и во официјалните документи на фирмата „Сити Аутсорсинг“.

„Кој ќе се извинува сега Томовски? Антикорупцискиот тим на СДСМ објави нова бомба, нови факти, докази и документи, како семејната фирма на Томовски го чисти буџетот. Или со бројки, 5.3 милиони евра, 161 тендер. Толку многу има добиено семејната фирма на Томовски. Особено им тргнало чистењето на буџетот откако ДПМНЕ дошла на власт, за 306% во2024 година! А оваа 2025 година има тендери од речиси половина милион евра. По објавување на оваа бомба, на овој скандал на власта на Христијан Мицкоски, излезе Томовски и вели да му се извиниме. Не, нема да му се извиниме на Томовски. Кажавме и ќе повториме, не се извинуваме на тие што пумпаат пари од граѓаните! И Арсовски бараше извинување па сега никаде го нема, молчи“, реагираат од СДСМ.

Велат дека се борат против криминалот и корупцијата и дека така ќе продолжат

„Наместо извинување денеска ќе објавиме уште еден податок, уште еден факт, уште еден доказ. Меѓу телефонските броеви коишто се наведени во оваа семејна фирма, Сити аутсорсинг е и број. Го проверивме овој број и погледнете чија фотографија излегува. На Ивица Томовски. Не дека ова беше неопходно за да потврдат семејните врски на Ивица со неговиот татко Витомир ниту пак со неговиот роднина Кутановски кои се во оваа фирма. Затоа, Антикорупциската комисија и Јавното обвинителство мора да покренат истрага за конфликт на интерес и за корупција во врвот на владата на Мицкоски. Кој сега ќе се извинува Томовски? Само на граѓаните може да им се извините! Но ќе дојде и тоа, кога ќе одговарате, сите до еден! Работата не е завршена“, соопшти СДСМ.


Слично

Поврзани вести