Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЈ ЌЕ ПРЕЗЕДЕ ОДГОВОРНОСТ: Случајот со градинката во Раде Корчагин ја згрози јавноста, се води истрага

КОЈ ЌЕ ПРЕЗЕДЕ ОДГОВОРНОСТ: Случајот со градинката во Раде Корчагин ја згрози јавноста, се води истрага

Се почесто се слушаат ужасни приказни од градинките во главниот град.

Последниот пример доаѓа од градинката Раде Јовчевски Корчагин.

На социјалните мрежи мајката сакајќи јавноста да дознае каква голгота преживеала кога отишла да си го земе 11-месечното бебе со цел да не се  повторат вакви случаи  ја сподели приказната.

Раскажува дека бебето, искасано и со повреда на главата и било дадено напо престојот во градинка. Притоа, мајката посочува дека воспитувачките воопшто не ги информирале како дошло до повредите. 


„На врата од собата ме дочекува воспитувачката со ќерка ми во раце, велејќи ми дека сѐ поминало во најдобар ред дента, освен тоа што не сакала да спие, и, уз пат, дека на грбчето имала нешто исфрлано, веројатно инсект ја пролазил. Одма ја погледнав, очигледен загриз во пределот на грбот, и веднаш ѝ укажав дека несомнено е загризана од друго дете. Ја прашав дали плачела дента, рече не. Исто така ми кажа дека моментално се повеќе групи споени во една поради летни одмори и дека малку биле во хаос па не знае што се случило, ќе ја прашала колешката.“-вака мајката Т.Н.  почнува да ја раскажува траумата која ја доживеала и таа и нејзиното дете.

Си го земале родителите детето и како што раскажува, таа поминува цел ден по болници за испитување на здравствената состојба на 11 месечното бебе , кое се забележува дека е гризено, драскано и со удар на главата, но по неколку часа поминати на скопските клиники мајката раскажува дека резултатите биле во ред.

По овој случај јавноста се згрози. Освен мајката која се уште се прашува што правеле воспитувачките, се запрашаа и многу други.

На ова прашање одговорот е оправдување, а директорката за случајот дознала од социјалните мрежи.

„Прашањето е што правеле воспитувачките додека ќерка ми била гризена, не еднаш, туку два пати, додека била гребена и кога паднала со главата (веројатно, според повредата) на под? Демек не плачела? Невозможно е при вакви повреди бебе да не пушти глас“ - вели мајката.

МТСП го истражува случајот

Министерството за труд и социјална политика денеска соопшти дека е запознато со случајот за каснатото 11 месечно бебе во скопската градинка Раде Јовчевски Корчагин, и работи на расветлување на случајот. Од Министерството не исклучуваат можност за дисциплинска постапка доколку постојат елементи за таков престап.

- Одделението за инспекциски надзор за заштита на децата е веќе на терен и работи на расветлување на случајот, односно за тоа како настанала повредата на детето и ако постои сомнеж согласно со Закон ќе се поведе постапка за утврдување на дисциплински престап, наведуваат од МТСП.

Meѓудругото, од Министерството појаснуваат дека поради намалениот број деца во јавните установи за деца - детски градинки, во летниот период долгогодишна пракса е децата од различни занимални, следствено на возраста да се згрижуваат во помал број занимални, но тоа, наведуваат, не значи и зголемен број на деца во занималните. 

Револт кај граѓаните

Ваквите случаи се меѓу најкоментираните на социјалните мрежи. Овој фејсбук статус се споделува постојано а меѓу предлозите кои ги даваат родителите во коментари се да се постави видео надзор и камери во занималните во градинките.


Слично

Поврзани вести