Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЈ ЌЕ ПОПУШТИ: Лидерите пак ќе седнат на иста маса да го мислат решението за референдумот

КОЈ ЌЕ ПОПУШТИ: Лидерите пак ќе седнат на иста маса да го мислат решението за референдумот

Утре во потесен состав партиските лидери ќе се обидат да најдат консензус за стратешките прашања од кои фокусот ќе биде на формирањето на ДИК и претстојниот референдум кој според најавите ќе се одржи наесен.

Вчера и Вицепремиерот Османи искажа оптимизам по повод средбата на која ќе присуствуваат лидерите на СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и едно од крилата на Беса, Зоран Заев, Али Ахмети, Христијан Мицкоски и Билал Касами.

„Продолжението од лидерската средба во потесен состав е закажано за в понеделник во 9 часот и се надевам дека ќе најдеме решение за стратешките прашања“-кажа Османи како главен преговорач во скрининг процесот со ЕУ.

Лидерската средба во четвртокот заврши безуспех, но според партиите некои прашања се приближиле кон слични ставови.

Ќе се дискутираат и условите на ВМРО-ДПМНЕ - Законот за финансирање на партии, измени во Законот за Влада и измени во Кривичниот законик поврзани со амнестијата.

Медиумите брифираат дека токму амнестијата е еден од условите на опозицијата за референдум.

Слично

Поврзани вести