КОЈ ЌЕ КУРТУЛИ ОД ПРЕСУДА - ќе се одложат сите судења освен оние со итност и пред застарување
Владата на вчерашната седница препорачала да се одложт судењата, освен оние кај кои постои итност, а и во неколку други случаи.
Еве што препорача Влдата, како дополнување на мерките за превенција од ширењето на коронавирусот.
„Да се препорача на Судскиот совет и на Врховниот суд на Република Северна Македонија да ја разгледаат можноста и да препорачаат на претседателите на судовите да направат план за одложување на судењата, со исклучок на оние судски предмети кај кои постои потреба од итност на постапување, како што се предмети кои се пред застарување, предмети во кои се изречени мерки притвор или други мерки за обезбедување на присуство, како и предмети кај кои сериозно би било нарушено правото на судење во разумен рок, предмети кои се стасани до изрекување пресуди, предмети за кои се одлучува без јавна расправа и сл“, се вели во соопштението.
Исто така, се заклучило, да се препорача на Нотарската комора, Адвокатската комора и Комората на извршители, да ги спроведуваат сите мерки, заклучоци и препораки донесени од страна на Владата.
