Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој ќе ја води Унијата на жени откако Рангелова се повлече?

Кој ќе ја води Унијата на жени откако Рангелова се повлече?

Oткако Даниела Рангелова се повлече, Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ привремено ќе ја води Благица Ласовска.

Ваква одлука донесе Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница. 

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го потврди и  изборот на Никола Мицевски за нов координатор на пратеничката група на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Мицевски едногласно е избран по предлог на досегашниот координатор Драган Данев, кој од лични причини се повлече од функцијата координатор. На редовниот состанок на Извршниот комитет се констатирани оставките на Даниела Рангелова и на Лука Кржалоски од позициите претседател на Унијата на жени односно Унијата на млади сили. Донесена е одлука да се започне со процедура за распишување на процедура за избор на нови раководни тела на УЖ и на УМС.

За актуелната политичка состојба, е констатирано дека без оглед на сите закани, уцени и притисоци, партијата продолжува на истиот курс во заштита на највисоките државни и национални интереси,  односно не менување на Уставот со цел промена на уставното име и евро-атлантските определби на партијата и поддршката на процесите кои значат реформи во државата кои имаат цел да ја приближат Република Македонија кон стандардите на ЕУ и НАТО.

Рангелова откако се повлече обвини дека неколку луѓе од партијата вршат притисоци.

Слично

Поврзани вести